Русија ќе го продолжи „Турски поток“ кон ЕУ само со дозвола на Брисел
Русија ќе ја продолжи втората линија од гасоводот „Турски поток“ од Турција кон ЕУ, само ако за тоа добие дозвола од Брисел, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров за време на синоќешната церемонијата на која беше прогласен за почесен професор на Универзитетот „Пиреја“ во Атина.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, коментирајќи ги односите на Русија со Западот, Лавров рече дека не гледа напредок и покрај напорите на неговата земја да ги активира разговорите и ја повика Европската унија да започне дијалог со Евроазиската економска унија, истакнувајќи дека при градење на овие односи мора да бидат земени предвид интересите на секоја држава.
Во врска со Украина, Лавров рече дека Русија го спроведува договорот од Минск и очекува и Киев да го стори истото, додавајќи дека мора да се гарантираат правата на руското население во регионите на Луганск и Доњецк.
За Сирија, рускиот дипломат се прашува зошто Западот не прави разлика меѓу умерената сириска опозиција и борците на фронтот Ал Нусра , како што е предвидено во резолуциите на ОН.
- Некои луѓе не сакаат да направат разлика меѓу умерена опозиција и борците на Ал Нусра. Ние секогаш ги одржуваме нашите зборови, тоа е традиција на нашата дипломатија, изјави тој.
Коментирајќи ги претстојните избори во САД, Лавров рече дека како и што најави шефот на руската држава Владимир Путин, Русија ќе води дијалог со Вашингтон, независно од тоа кој ќе биде избран за американски претседател.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето