Русија нападите во Сирија ги изведува и од базата Хамадан во Иран
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека бомбардери од типот „Су-34“ и „Тупољев-22“ извеле неколку напади врз складишта со оружје, воени кампови за обука и три командни штаба на подрачјето на Алепо.
„Во воздушните напади уништени се пет големи складишта со вооружување, муниција и гориво, кампови за обука на бунтовниците, како и голем број вооружени лица“, наведе руското министерство, пренесува Ал Џезира.
Бомбардерите нападите ги извеле од воздухопловната база Хамадан, во Иран, а поддршка добиле и од борбените летала од базата Кхмеимим во Сирија.
Русија претходно бомбардерите „Тупољев-22“ ги размести во воздухопловната база во иранскиот град Хамадан, од каде најави изведување напади врз бунтовниците во Сирија, објавија руските медиуми.
Иако во медиумските извештаи не е наведено колку точно руски бомбардери се пристигнати во базата, прикажани се најмалку три бомбардера и едно транспортно летало. Не се прецизира, меѓутоа, кога снимките се направени.
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана потврди дека изведува воздухопловни летови од базата во Иран, што потоа тргнуваат кон целите на групата ИД.
Министерството наведува дека „за операциите во Сирија до денеска Русија никогаш не користела воени капацитети надвор од оваа земја“, пренесуваат американските медиуми.
Во последните неколку месеци Русија и Иран ги зацврстија своите врски, откако Москва ги укина повеќето санкции кон Техеран.
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито