Русија не бомбардирала цивилни цели во Сирија

Руските воздушни сили не погодуваа цивилни цели откако почнаа со воздушни напади во Сирија, изјави денеска генералот полковник и главен командант на руските воздухопловни сили Виктор Бондарев.
„Амнести интернешенел“ оваа недела ја обвини Русија дека за време на бомбардирањето погодила многу цивилни мети што, како што оценија, би можело да претставува воено злосторство, но руското Министерство за одбрана одлучно ги отфрли тврдењата.
- Воено-вселенските сили ниту еднаш не погодија цивилни цели во Сирија, рече Бондарев во интервју за Росија 24.
- Руските пилоти се добро обучени и никогаш не промашиле мета или погодувале т,н. чувствителни места како училишта, болници и џамии, рече тој.
Кремљ почна воздушни напади во Сирија на 30 септември, соопштувајќи дека сака да му помогне на сирискиот претседател Башар ал Асад да ја порази Исламска држава и другите милитантни групи.
Исламска држава во најновата порака вчера соопшти дека воздушните напади на Русија, а ниту на коалицијата предводена од САД, не успеале да ја ослабат.
Ново на Сител
-

Прилепските бизнисмени: Санација на Прилеп-Градско преку Плетвар и измени на боледувањата и дел од царинскиот тарифник
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
