Русија нема да мобилизира дел ИТ експерти, банкари, новинари од државни медиуми
Дел руски ИТ експерти, банкари, новинари од државни медиуми нема да бидат повикани на воена служба во Украина во рамките на мобилизацијата. За ова денеска информираше руското Министерство за одбрана.
Министерот за одбрана Сергеј Шојгу претходно неделава соопшти дека Русија ќе се обиде да повика дополнителни 300.000 војници за руската војна во Украина. Кремљ тоа го нарече „делумна мобилизација“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека делот од официјалниот декрет со што се најавува мобилизација, а вклучува број на лица кои ќе бидат мобилизирани, не е објавен, доверлив е и се чува во тајност.
Според Министерството за одбрана, некои вработени во клучни индустрии ќе бидат исклучени од мобилизацијата во обид да се „обезбеди работата на специфичните високотехнолошки индустрии, како и рускиот финансиски систем“ да не биде погоден со првата руска воена мобилизација од Втората светска војна.
Исклучоците важат за некои вработени во ИТ секторот, во телекомуникации, финансиски експерти, како и лица кои работат во „системски важни“ масовни медиуми, наведува Министерството.
Како што се појаснува, главни лица во компании треба да направат листа на вработени кои ги исполнуваат критериумите и можат да бидат исклучени од регрутацијата.
Ново на Сител
-
САД најавуваат ново воено распоредување на Блискиот Исток
-
Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина
-
Трипуновски: Очекувам фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите
-
Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност
-
Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца
-
Возач на камион починал во тешка сообраќајка
-
ОЈО - Штип со увид на местото каде според првичните сознанија е лишена од живот 29 годишна жена
-
Загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад бил македонски научник