Русија: Нема мирно да гледаме како НАТО се шири во Европа
Русија ќе ги преземе неопходните воени мерки како одговор на зголеменото присуство на силите на НАТО во Европа, пред се во источниот дел на континетот, а одговорот на Москва ќе биде адекватен и ефикасен, изјави постојаниот представник на Русија за Алијансата, Александар Грушко.
Тој оцени дека „САД продолжува да го засилува своето присуство во Европа, посебно кога станува збор за источниот фронт, пренесува Танјуг.
- Секако дека нема да останеме пасивни набљудувачи, туку ќе ги преземеме воените мерки кои сметаме дека се неопходни со цел да го компензираме зголементот присуство на НАТО силите, кое притоа не е оправдано, објасни Грушко.
Зборувајќи за Украина, тој исто така оцени дека НАТО одиграл крајно негативна улога, поддржувајќи ги оние кои сакаат конфликтот да се реши по воен пат.
- Ние гледаме дека копнените сили кои беа обучени од страна на инструкторите на НАТО ротираат на линијата за раздвојување на југоистокот на Ураина. Тоа покажува дека воената опција во главите на украинските власти и понатаму постои, односно дека е можно да посакаат така наречен воен реванш, додаде Грушко.
Претходно, неименувани американски претставници најавија дека Пентагон ќе ја распореди оклопната бригада во источна Европа во февруари наредната година поради, како што наведе, зголемената агресивност на Русија.
Оклопната бригада, спред нивните зборови, ја сочинуваат околу 4.500 војници, како и оклопни возила, тенкови и друга опрема.
Ново на Сител
-
Таравари го разреши директорот на Кумановската болница
-
Анестезиолог во ВМА: Тешка е здравствена состојба на повредените од Кочани
-
Трошоците за превоз и сместување за семејствата на пациентите повредени во Кочани, кои се лекуваат во странство целосно покриени од Владата
-
По убиството, Палчо запалил цигара и отворил телефон
-
На автопатот Скопје – Велес одземени возила поради истечена регистрација од скоро една година
-
АЦВ за снимањето со дронови при вчерашните собири: Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо
-
На студентските собири на УКИМ донирани 415.724 денари, УСС ги уплатил на сметката на Црвен крст
-
Во Шведска транспортирани двајца повредени во пожарот во Кочани