Русија очекува напредок во преговорите со САД за Украина во понеделник
Григориј Карасин, еден од двајцата преговарачи кои рускиот претседател Владимир Путин ги испраќа во Саудиска Арабија, изјав дека Русија очекува „извесен напредок“ во решавањето на украинското прашање за време на разговорите со САД во понеделник во Ријад.
Се надеваме дека ќе постигнеме барем одреден напредок. Размислувањето на Сергеј Орестович Беседа (вториот преговарач) и моето е борбено и конструктивно, изјави Карасин за државната телевизија „Звезда“, пред нивното заминување во Саудиска Арабија.
Советникот на Владимир Путин за надворешни работи Јуриј Ушаков во четвртокот изјави дека Русија ќе ја претставуваат претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Горниот дом на рускиот Парламент, Григориј Карасин и високиот функционер на руските безбедносни служби (ФСБ), Сергеј Беседа.
Ушаков додаде дека станува збор за „искусни преговарачи, многу добро упатени во меѓународните прашања“.
Ново на Сител
-
Кои државни институции го полнат буџетот?
-
Туризмот, образованието и инфрастуктурата - фокус на соработка со Обединетите Арапски Емирати
-
Преглед на вестите од светот
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот