Бизнис
4. August 2016 - 11:02

Русија од денеска го забранува увозот од БиХ

Руската ветеринарна и фитосанитарна регулаторна компанија „Роселкхознадзор“ од денеска воведува привремена забрана за увоз на производи од Босна и Херцеговина, заради недостаток од потврди за безбедноста на производите.

„Ограничувањето се воведува заради недостаток од информации за фитосанитарниот статус на Босна и Херцеговина, како и заради одбивањето на Министерството за надворешна трговија на БиХ да ја прифати инспекцијата на „Росселкхознадзор“ која требаше да ја спроведе фитосанитарната контрола на системот“, се наведува во соопштението..

Забраната посебно се однесува на увозот на производи преку трети земји, пренесе ТАСС.

Извозот од Босна и Херцеговина во Русија во 2015 година значително е зголемен, особено кога станува збор за овошјето и зеленчукот.

Во првите шест месеци од 2014 година од БиХ во Русија беа извезени овошје и зеленчук во вредност од 27.000 евра. Во истиот период од 2015 година во Руѕсија беа извезени само јаболки и крушки во вредност од повеќе од пет милиони евра.

Договорот за трговија меѓу БиХ и Русија е во функција веќе 11 години.