Македонија
27. December 2016 - 11:30

Русија: Одлуката на САД е непријателски чин кон нашите трупи во Сирија

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одлуката на САД за ублажување на санкциите за снабдување со оружје на сириските бунтовници претставува „непријателски чин“, со кој се загрозува безбедноста на руските борбени авиони и воениот персонал.

Според руското МНР, администрацијата на американскиот претседател во заминување Барак Обама се обидува да ја отежни ситуацијата во светот пред новоизбраниот шеф на државата Доналд Трамп да ја преземе должноста во Белата куќа следниот месец.

Барак Обама на почетокот од месецов укина одредени санкции за снабдување со оружје на сириските бунтовници. 

Ново на Сител