Русија онлајн го одбележува Денот на победата
Наместо вообичаената раскошна воена парада, на која дефилираат најновите достигнувања на руската воена техника, годинава, Русија ја одбележува 75-годишнината од победата во Втората светска војна – онлајн.
Поради пандемијата на коронавирусот, наместо традиционалната парада на Црвениот плоштад, се планира воздухопловна демонстрација над 47 руски градови, а воените бази на земјата во странство, исто така, соодветно ќе го прослават празникот.
Рускиот претседател Владимир Путин ќе се обрати пред нацијата и ќе положи цвеќе пред споменикот на Вечниот пламен.
Поради моменталната состојба, многу настани, вклучително и масовниот традиционален митинг „Бесмртен полк“, се планираа да се одржат само преку интернет.
Јубилејната програма ќе заврши со испукување артилериски плутони.
Ново на Сител
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина
-
Ќе се шири истрагата за Грчец
-
Нема пензионерски домови
-
Агелер: Заедно ќе го чекаме победникот
-
Преглед на вестите од светот
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата