Русија планира одобрување на две вакцини против агресивен тумор на мозок

Во Русија се очекува во текот на оваа година да бидат одобрени за примена две вакцини против глиобластом, еден од најагресивните мозочни тумори, соопшти директорката на Федералната медицинско-биолошка агенција, Вероника Скворцова.
Скворцова изјави дека наскоро се очекува одобрение за првата онколошка вакцина.
„Се надевам дека во текот на 2026 година ќе добиеме одобрение за примена на онколошката вакцина против глиобластом. Прво ќе биде пептидната вакцина ‘Глиопепт’, а до крајот на годината и mRNA вакцината против глиобластом ‘Глиорна’“, рече таа.
Руската медицинско-биолошка агенција во ноември минатата година соопшти во завршна фаза се претклиничките испитувања на вакцините.
Глиобластомот се смета за еден од најопасните облици мозочен тумор, што настанува како последица на неконтролирано делење на глијалните клетки кои ги опкружуваат невроните во мозокот.
МИА
Ново на Сител
-

Австрија е против брзо пристапување на Украина во ЕУ
-

При претрес на возило пронајдена дрога, приведени три лица
-

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај
-

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
-

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026
-

Најмногу дожд во Претор
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
