Русија разгледува можност за вклучуање во нападите врз ИД
Русија ја разгледува можноста за вклучување со свои борбени авиони во воздушните напади врз позициите на џихадистичката група Исламска држава, изјави во Њујорк рускиот претседател Владимир Путин.
Путин нагласи дека тоа би можело да се случи само доколку за таква операција Русија добие мандат на ОН, отфрлајќи ја можноста руски војници да учествуваат во копнени операции против џихадистите на сириска територија..
Рускиот претседател смета дека би била „огромна грешка“ доколку во борбата за елиминирање на ИД не се вклучат и сирискиот претседател Башар ал Асад и сириската армија.
Неговата изјава доаѓа по изјавите на САД и Франција дека „Асад мора да си замине“.
Путин, меѓутоа, порача дека претседателите на САД и Франција, Барак Обама и Франсоа Оланд не може да решаваат за тоа, бидејќи за иднината на Асад и на Сирија може да одлучуваат едннствено Сиријците.
Русија има две воени бази на сириската територија - кај Латакија и во Тартиз, каде од неодамна се префрлени нови борбени авиони и хеликоптери.
Официјална Москва претходно потврди дека ги засилила пратките со оружје и воена опрема за сириската армија, како и дека руски советници им помааат на сириските сили во нивната борба против терористите, но ова е прв пат од страна на Москва да дојде најава дека нејзини авиони би можеле да ги бомбардираат позициите на ИД, онака како што тоа го прават американската, а од неодамна и француската авијација.
Ново на Сител
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Сведоштва за бугарските медиуми
-
СДСМ утре избира нов партиски лидер
-
Вреди ќе добие заменик во АНБ
-
Дали нотарите ќе поскапат и до 10 пати? Лога ја повикува новата влада да го укине тарифникот
-
Просечната пензија од септември ќе ја надмине минималната плата
-
Проблемите на малите општини
-
Депонијата Буково - еколошка бомба