Русија тврди дека делегации на Слободната сириска армија ја посетувале Москва, ССА демантира
Делегации на Слободната сириска армија (ССА), која е поддржана од Западот неколку пати ја посетувале Москва, јави БТА.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Богданов минатата недела на прашањето дали претставници на САА ја посетувале Москва одговори: „Да тие беа тука, вклучувајќи ја и оваа недела. Тие се тука постојано, станува збор за различни луѓе, некои заминуваат, некои пристигнуваат, но сите тие велат дека се претставници на Слободната сириска армија“.
Кремљ исто така соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал втор пат во рок од пет дена со саудискиот крал Салман. Русија е главен сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад, додека Саудиска Арабија ги поддржува противниците на режимот на Дамаск.
Москва ја промени позицијата кон бунтовниците од ССА, откако во саботата соопшти дека руските воено-воздухопловни сили, кои вршат напади во Сирија од 30 септември, можат да бидат подготвени да им помогнат на опозициските борци, доколку знаат каде тие се наоѓаат.
Во меѓувреме претставници на четири фракции на ССА ги демантираа информациите дека нивни членови ја посетувале Москва.
- Тие приказни не се точни, изјави Ахмед ал Сеуд, кој раководи со групата „13-та дивизија“, која дејствува во регионот на западна Сирија, каде руските воени авиони извршуваат напади.
Абу Гиас ал Шами, портпарол на групата „Алвијат сеиф ал Шам“, која дејствува во јужна Сирија изјави: „Такво нешто не се случувало од наша страна во ССА. За нас е невозможно да прифатиме да заминеме за Москва и да водиме дијалог со неа. Не ја сакаме нејзината помош“.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата