Русија тврди дека соборила 13 украински дронови

Руските сили за противвоздушна одбрана (ПВО) во текот на изминатата ноќ собориле 13 украински беспилотни летала – 12 над Ростовската област и едно над Белгородската, соопшти утринава руското Министерство за одбрана.
Во исто време, украинските воздухопловни сили соопштија дека нивната ПВО уништила 43 од вкупно 55 дронови испратени од Русија кон северните, јужните и централните делови на Украина.
Во соопштението објавено на „Телеграм“, украинските сили наведуваат дека руската армија употребила камиказе-дронови „Шахед“, како и разни мамец-дронови, лансирани од руските региони Орловска, Курска и од подрачјето на Приморско-Ахтарск.
Дванаесет од дроновите-мамци исчезнале од радарите без да предизвикаат штети, јави Укринформ, повикувајќи се на украински извори.
Ново на Сител
-

Собранието ги избра адвокатката Јошевска и професорката Кадри за членови на Судски совет
-

Истрошени се сите средства од Народен правобранител, должиме 70 илјади евра за кирија, вели Руфати
-

Апасиев засега единствен преставник на опозицијата на лидерската кај Мицкоски
-

Четири општини со ново раководство по повторените избори
-

СДСМ алармира за опасно задолжување
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
