Русија тврди дека спречила напад со украински беспилотни летала врз цели во Москва
Две беспилотни летала лансирани од Украина нападнаа цели утрово во Москва, но беа пресретнати и уништени, соопшти руското Министерство за одбрана.
Руските државни новински агенции објавија дека делови од дроновите биле пронајдени на два километра од зградите на министерството. Оквалификувајќи го како „терористички напад“, Министерството за одбрана на Телеграм објави дека во нападот нема жртви.
Ниту Министерството за одбрана, ниту градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин не соопштија каде биле пресретнати беспилотните летала.
Руските државни новински медиуми јавија, повикувајќи се на итните служби, дека делови од дрон биле пронајдени во близина на зграда на авенијата Комсомолски, што е недалеку од зградите на Министерството за одбрана.
Сообраќајот на таа авенија е затворен, како и на авенијата Лихачев на југот на Москва, каде беше оштетена деловна зграда.
Од Киев засега нема коментар.
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа