Свет
13. July 2016 - 10:45

Русинова: Бугарија се соочува со недостиг на квалификувани кадри

Главен проблем со кој се соочуваат странските инвеститори во Бугарија е недостигот на квалификувани кадри, оценија на денешната средба бугарската министерка за труд и социјална политика Зорница Русинова и претставници на Германско-бугарската индустриско-трговска комора. 

Како што јави БТА, на средбата било договорено да се креира онлајн база на податоци, кои ќе содржат информации за работни места кои им се потребни на германските инвеститори во Бугарија.

Според договорот, се предвидува платформата да содржи и информации за квалификациите на невработените лица регистирани во Бирото за вработување, со што би се олеснил начинот на избор на нови работници.