Русите заробиле Хрват кој се борел на страната на украинската армија
Руската телевизија РТ објави видео од хрватски државјанин кој се борел во редовите на украинската армија. Тој бил член на бригада стационирана во окупираниот град Мариупол. Неговото фаќање го потврдија и од хрватското Министерство за надворешни и европски работи.
„Министерството за надворешни работи има информации за заробениот хрватски државјанин и продолжува да работи на разрешување на случајот во соработка со украинските власти. Поради чувствителноста на ситуацијата, во овој момент не можеме да откриеме подетални информации“, велат од министерството.
На видеото што го објави РТ, заробениот Хрват В.П. вели дека бил заробен додека се обидувал да побегне од опколениот град заедно со уште неколку борци.
„Го напуштивме Мариупол и пешачевме 260 километри, криејќи се, пешачевме само ноќе, избегнувајќи секаков можен контакт“, рече тој. Планот пропадна кога групата налета на руската артилериска единица и ѝ се предаде.
Тој исто така рече дека се приклучил во редовите на украинската армија во 2020 година за да добие украинско државјанство. Во тоа време, тоа изгледало како добра идеја, бидејќи линијата на фронтот во Донбас беше стационарна, рече тој.
„Мојата причина зошто сакам да добијам украинско државјанство е тоа што овде запознав жена во која се заљубив. Таа имаше болна мајка и не сакаше да ја напушти Украина“, рече тој.
Човекот, наводно, претходно поминал пет години во хрватската војска. Тој инсистираше на тоа дека нема вистинско борбено искуство.
„Пет години бев пешак во хрватските вооружени сили, тоа е се“, рече тој. „Досега не сум бил вклучен во никакви конфликти“.
Ново на Сител
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат