Свет
7. March 2022 - 8:38

Руската инвазија врз Украина влегува во 12-от ден

Руската инвазија врз Украина продолжува и во 12-от ден.

Дел од настаните за изминатите 24 часа:

-Официјални лица од одбраната на Велика Британија веруваат дека руските сили оствариле минимална добивка во изминатите 48 часа, биејќи нивните трупи се заглавени од силниот украински отпор и лошата логистичка поддршка

-Украинските команданти предупредија дека руските сили се прегрупираат и се подготвуваат да извршат сеопфатен напад врз главниот град Киев.

– Московските сили силно ги гранатираа градовите пред Киев и повторно ги снабдуваа цистерните со гориво префрлено од Белорусија како подготовка за нападот, соопштија официјални лица.

– Во југоисточниот град Мариупол, руското гранатирање уби десетици луѓе, а украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди московските трупи дека „неговите сили ќе го гонат до гроб секој војник што ќе изврши воени злосторства”.

– Сенаторот Марко Рубио, највисокиот републиканец во Комитетот за разузнавање на Сенатот, изјави за Си-Ен-Ен дека воведувањето зона на забранети летови над Украина речиси сигурно ќе значи „почнување Трета светска војна”.

– Санкциите продолжуваат да ја таргетираат економијата на Москва, а Нетфликс, Американ Експрес, КПМГ и ПрајсвотерхаусКуперс се меѓу најновите големи компании кои ги прекинаа услугите во Русија.