Рускиот амбасадор Олег Шчербак во посета на Штипскиот универзитет

Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак денеска го посети Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде се сретна со ректорот Блажо Боев.
На средбата Шчербак истакнал дека деновиве амбасадата распишала конкурс за доделување 35 стипендии за студентите од Македонија кои сакаат да студираат во Руската федерација.
- Станува збор за бесплатни стипендии за студирање во Руската федерација, како за додипломски, така и за постдипломски студии. Тоа е многу важно, бидејќи станува збор за подготовка на специјалисти од сфери кои се многу барани во економијата и индустријата во Република Македонија, рече Шчербак.
Рускиот амбасадор и Боев разговарале и за изучување на рускиот јазик на Универзитетот „Гоце Делчев“ и за одржување на заеднички работилници од повеќе области.
- Од страна на амбасадорот на Руската Федерација беа отворени повеќе прашања во поглед на таа идна соработка, во делот на доделување на стипендии, во делот на наши докторанти, наши постдипломци да заминат на универзитети во Русија, а од друга страна беа покренати активности во делот на промоцијата на културата и на рускиот јазик, кои можат да се најдат во рамките на нашите активности на Универзитетот, рече Боев.
Шчербак денеска оствари средба и со декани на неколку штипски факултети на која станало збор за идната соработка и активности.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
