Руските сили почнаа со евакуација на Купјанск кој е под украински оган
Руските сили соопштија дека евакуираат жени и деца од градот Купјанск, важен транспортен центар во источниот украински регион Харков.
– Едноставно сме принудени да обезбедиме евакуација на населението – барем жените и децата – бидејќи градот е изложен на ракетни напади од украинските воени единици, рече шефот на воената администрација назначена од Русија, Виталиј Ганцев, пренесе ДПА.
Купјанск е на раскрсницата на неколку железнички линии и главни патишта. Се смета за стратешки важен бидејќи е на рутата за снабдување на руските трупи кои маршираат кон регионот на Донбас.
Извештаите од руските воени дописници покажуваат дека украинската армија напреднала околу 20 километри во територија под руска контрола во близина на градот Балаклија, на околу 60 километри од Купјанск.
Ново на Сител
-
Силјановска-Давкова: Не е време за делби и конфронтации, смртта и болеста не допира сите
-
СДСМ: Граѓаните да ја добијат вистината, а одговорните да одговараат
-
Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица
-
115 лица хоспитализирани во македонските болници, 47 се на лекување во странство
-
Акција на ЈО и МВР за несреќата во Кочани
-
Хронологија на настаните во клубот Пулс, ноќниот клуб каде прекина и пулсот на многу млади животи
-
Веста за катастрофалната трагедија во Кочани го обиколи светот
-
Владата заклучи дека ќе има вонредни инспекциски надзори и ригорозни казни за непочитување на законите