Руските власти официјално го прогласија Навални за терорист
Руската федерална служба за финансиски мониторинг Росфинмониторинг ги додаде Алексеј Навални, Љубов Собол, Георги Албуров и уште 19 лица во регистарот на терористи и екстремисти, објавено е денеска на веб-страницата на агенцијата.
Меѓу поддржувачите на Навални на листата се и Лилија Чанишева, Руслан Шавединов, Павел Зеленски и други.
Одлуката ги става на исто ниво со десничарските националистички групи и странски терористички организации, вклучувајќи ги талибанците и џихадистичката Исламска држава.
На почетокот на месецов, на списокот беа додадени уште двајца клучни соработници на опозицискиот политичар.
Во Русија е забележана невидена репресија против неистомислениците во текот на изминатата година, вклучително и затворањето на главниот критичар на претседателот Владимир Путин, Навални, минатиот јануари и прогласување незаконитост на неговите политички организации.
Оттогаш, речиси сите негови главни сојузници ја напуштија земјата.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива