Македонија
26. October 2015 - 18:33

Руските воени авиони извршиле 285 напади врз џихадистите во Сирија

Авионите на руските Воздушно-вселенски сили изминатите три дена во Сирија извршиле 164 воени летови и нападнале 285 објекти на Исламска држава и Џебхат ал Нусра, изјави денеска во Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

- Изминатото деноноќие се извршени 59 летови во рамките на кои се погодени 94 објекти на терористите во провинциите Хама, Идлиб, Латакија, Дамаск, Алепо и Дејр ал Зуир, прецизираше Конашенков.