Руско МНР: Лондон избра конфронтација со Москва

Британската Влада се одлучи за конфронтација со Русија со тоа што донесе одлука да не дејствува согласно воспоставените меѓународни формати во случајот на поранешниот полковник од ГРУ (воена разузнавачка служба) Сергеј Скрипал, соопшти руското Министерство за надворешни работи на својата Интернет страница.
„Наместо да сопствена истрага, да ги активира воспоставените меѓународни формати и инструменти, вклучително и во рамките на Организацијата за забрана на хемиско оружје, за што бевме подготвени, британската влада направи избор во корист на конфронтацијата со Русија ", се вели во соопштението на руското МНР.
„Изјавата на британската премиерка Тереза Мај за казнени мерки против Русија под лажен изговор за некоја вмешаност во труењето на Скрипал и неговата ќерка е груба провокација без преседан која ги поткопува темелите на дијалогот меѓу нашите земји“, објави Министерството за надворешни работи.
Руското МНР уште соопшти дека мерките на Лондон за протерување на 23 руски дипломати ги смета за непријателски.
- Секако нема да изостанат соодветни контра-мерки“, се наведува во соопштението на руското Министерство.
Велика Британија ќе протера 23 руски дипломати поради случајот со труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал, соопшти денеска британската премиерка Тереза Меј во Парламентот. На руските дипломати им е даден рок од една недела да ја напуштат државата. Тоа е најголема мерка од тој вид во изминатите 30 години.
Британија ги прекинува сите билатерални контакти со Русија и го повлекува повикот до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да го посети Лондон.
Ново на Сител
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
