Руско МНР: Ситуацијата во Боливија е инсцениран државен удар

Москва е длабоко загрижена поради фактот што подготвеноста на боливиската Влада да пронајде решение преку дијалог е отфрлена од случувањата кои потсетуваат на инсцениран државен удар, се наведува во денешното соопштение на руското Министерство за надворешни работи.
Руското МНР истакна дека Москва очекува од боливиските политички сили да покажат одговорност и пронајдат уставен излез од кризата.
Боливискиот претседател Ево Моралес синоќа на прес-конференција соопшти дека поднесува оставка по речиси 14 години на власт поради „доброто на земјата“ , откако командантот на вооружените сили тоа го побара од него.
Моралес повика на итни разговори со опозицијата заради повеќенеделните немири кои ја зафатија оваа земја.
– Поднесувам оставка за нашите браќа и сестри, државни службеници, да не бидат предмет на напади и закани, истакна Моралес во обраќањето, емитувано на социјалните мрежи.
Тој ситуацијата во Боливија ја нарече „државен удар“.
Протестите во Боливија почнаа по одржување на изборите кон крајот на октомври, на кои Моралес победи. Во немирите досега загинаа три лица, а повеќе од 300 се повредени.
Организацијата на американски држави (ОАС) соопшти дека со ревизија е утврдено оти имало неправилности на изборите одржани на 20 окотмври, на кои Моралес го освои четвртиот мандат. Моралес се согласи да се одржат нови избори и да се заменат членовите на изборната комисија.
Ново на Сител
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
-

Мицкоски: Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи
-

АРМ објави оглас за 300 нови војници
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
