Сабајев: Навални немаше кличничка слика на труење
Главниот токсиколог на Омск и Сибирскиот федерален округ, Александар Сабајев, тврди дека во крвта на Алексеј Навални за време на прегледот во Омск не биле откриени инхибитори на холинестераза, што ги пронашле лекарите во болницата „Чарите“ во Берлин.
-Кога Алексеј Навални беше примен во болницата, неговата крв беше тестирана за широк спектар наркотици, синтетички супстанции, психоделични лекови и медицински супстанции, вклучувајќи и инхибитори на холинестераза. Резултатот беше негативен, рече Сабајев, кој истовремено е и раководител на единицата за акутно труење на брзата помош во Омск, каде Навални се лекуваше пред да биде пренесен во Германија, јави Тасс.
Тој, исто така, кажа дека Навални немал клиничка слика специфична за труење со супстанци од групата инхибитори на холинестераза.
-Како што веќе беше кажано, ние сме подготвени да споделиме со германските колеги примероци од биоматеријалите на Алексеј Навални за нивно сеопфатно истражување, рече токсикологот.
Навални, познат критичар на рускиот претседател Владимир Путин, беше однесен во болница во Омск бидејќи му се слошило во текот на летот за Москва, откако претходно на аеродром испил чај.
Тој во саботата беше префрлен на лекување во Германија, а клиниката вчера соопшти дека „клиничките наоди укажуваат на труење со супстанца од групата инхибитори на холинестераза“.
„Специфичната супстанција останува непозната“, додаде клиниката во своето соопштение.
Навални се уште се наоѓа во индуцирана кома на Одделот за интензивна нега, и неговата состојба е сериозна, но животот не му е загрозен.
Ново на Сител
-
Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче
-
За време на празничниот викенд од ГП Табановце излегле над 29 илјади македонски државјани
-
Таравари: Не очекуваме негативно мислење за законот за правична и соодветна застапеност
-
Во багаж на патник во автобус со турски национални ознаки пронајдени 30 штеки цигари
-
Залутан куршум оштети кров на скопјанец
-
Косовската полиција заплени 120 000 евра шверцувана стока од Македонија
-
Прегазен пешак во Скопје, возачот избегал
-
ЈП „Комунална хигиена“: Отстранети диви депонии во скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Чаир