Сабаленка нема да го промени своето спортско државјанство

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка изјави дека нема планови да го промени своето спортско државјанство.
– Јас служам како пример за децата, а промената на моето државјанство не е за мене бидејќи не сакам да ги предадам. Затоа, би сакала да ја претставувам Белорусија токму за децата од оваа земја да можат да ме видат како се натпреварувам на високо ниво и да бидат инспирирани од мене. Се надевам дека, со мојот пример, ќе им покажам дека, ако успеав да стигнам од оваа мала земја до самиот врв, тогаш и тие можат да го сторат истото, рече 27-годишната атлетичарка во интервју за британскиот новинар Пирс Морган.
Дваесет и седумгодишната Сабаленка има освоено 21 титула на ВТА во поединечна конкуренција, вклучувајќи четири Гренд слем турнири.
Сабаленка е лидер на светската ранг-листа на ВТА.
МИА
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
