САД бараат да почне изработката на статутот на ЗСО во Косово
Американската Амбасада во Приштина ги повика Владата на Косово и претставниците на косовските Срби да започнат со подготовка на Нацрт-статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО).
- Ги охрабруваме Владата и косовските Срби да го направат првиот чекор и да почнат да работат на статутот на Заедницата во согласност со Уставот на Косово, се наведува во писмениот одговор на Амбасадата до изданието „Лајми“.
Во одговорот Амбасадата оценува дека „добро воспоставената Заедница би им овозможила на општини со српско мнозинство да работата на прашања поврзани со здравството и образованието“.
Формирањерто на Заедницата на српски општини беше договорено во рамките на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Пришптина, што се води во Брисрл под покровителство на ЕУ, но засега не се преземени никави чекори за нејзино создавање.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење