САД бараат објективна истрага за прекршувањата на човековите права во Мјанмар
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон повика на објективна истрага по обвинувањата за кршење на човековите права на муслиманите Рохинџи во Мјанмар.
Над 600.000 луѓе од етничката група Рохинџи избегаа во соседен Бангладеш кон крајот на август по антитерористичката операција на мјианмарската армија во западниот држава Ракхан.
- Снимките од она што се случи, се ужасни, изјави Тилерсон на заедничката прес-конференција со шефицата на цивилната администрација на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи.
Тилерсон се изјасни против сеопфатни економски санкции против Мјанмар, но посочи дека конкретни санкции против поединци може да се покажат соодветни, доколку има веродостојни информации за нивните активности.
- САД се уште проценуваат дали воените операции, кои доведоа до бегството на 600.000 Рохинџи преку границата, треба да бидат окарактеризирани како етничко чистење, истакна американскиот државен секретар.
Тој најави дека САД ќе доделат дополнителна помош од 47 милиони долари за помош на бегалците.
Аунг Сан Су Чи, од своја страна, рече дека не молчела за време на кризата со Рохинџите и оти се обидувала да спречи судирот на етничките заедници во Мијанмар едни против други.
Тилерсон имаше и одделна средба со командантот на вооружените сили на Мјанмар, генерал Мин Аунг Хлајн. Државниот секретар на САД истакна дека е обврска на владата и силите за безбедност да ги заштитуваат сите кои живеат на територијата на земјата.
Ново на Сител
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор