-->
-->
САД доделуваат нов пакет воена помош за Украина вреден 500 милиони долари
-->
САД најавија уште еден пакет воена помош за Украина во висина од 500 милиони долари, во кој главно е вклучена оклопна техника. За новиот пакет помош Стејт департментот треба да соопшти денес, објавија дел од американските медиуми.
Во рамките на пакетот Украина ќе добие 30 оклопни возила Bradley и 25 Stryker.
Исто така во новиот пакет помош е вклучена и муниција за ракетниот систем HIMARS, противтенковско оружје, вклучувајќи и Javelin, и муниција за противвоздушните орудија Stinger и Patriot.
Ова е 41-ви пакен воена помош што САД ја доделуваат на Украина од почетокот на руската инвазија. Вкупната висина на воената помош што САД досега ја доделија на Украина ја надмина сумата од 40 милијарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Болница Плодност: Со неверување ја примивме веста за прерано загинатите колеги, сочувство до семејствата
-
Ќе се испитуваат крв и урина од возачот на камионот
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога
-
Мицкоски: Имам чувство дека состојбата во Украина ќе ја зголеми цената на струјата на берзите
-
Лекарот обвинет за смртта на Метју Пери, се изјасни за виновен
-
Утре и викендов повремен дожд, во сабота пообилни врнежи и силен ветер
-
Мицкоски: На ДУИ им посакувам опозициски денови во коишто ќе се реформираат