САД донираше опрема вредна 163 000 долари за МВР, ДЗС, ЦРВЕН КРСТ

Оваа донација е една од низата и е во износ од 163 000 долари, изјави Кејт Мери Брнс.

Меѓу донираните средства се агрегатор за струја, канистри за вода, разни светлечки апарати, рефлектори, лаптопи, палки, средства за хигиена и други.
Од почетокот на пандемијата полицијата, персоналот на ДЗС и Црвен крст се во првите борбени редови. Наша цел е да обезбедиме дополнителни услови за поефикасно да ја извршуваат својата работа и по безбедно.
САД се најголемиот донатор на ваква опрема и стратешки партнер на државата.

Изминативе години ги одбележивме со прилично интезивни зафати во сите сфери, процес кој во континуитет се надоградува и надополнува. Од нашиот стратешки партнер САД постојано добиваме стручна и техничка помош, рече Оливер Спасовски.
Ќе најавам уште една важна донација од САД во доменот на кривични истраги.

Оваа опрема веднаш ќе биде ставена во функција.
Благодарност до Амбасадата на САД за целата стручна и техничка помош и обуки.
Пандемијата носи сложени моменти со кои секојдневно се соочуваме, опремата која ДЗС ја доби од САД и е дел од изложена ја најде својата примена за екипите кои во ноќни часови работат на заштита и спасување, таков беше случајот во општините Девар и Центар Жупа, изјави Аднан Џаферовски.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
-

Матичните гинеколози бараат од МЗ и ФЗО јасно дефинирање на услугите за пациентките кои ги покрива државата
-

Кратењето на буџетот за ретки болести може да го загрози животот на пациентите
-

Преглед на вестите од светот
-

Трендафилов: Нека се подготват за блокади идната недела
-

Околу 80 талентирани ученици од Струмица ќе бидат стипендирани во наредните девет месеци
-

Брана „Калиманци“ речиси полна, „Гратче“ на прелив
-

Преглед на вестите од светот
