-->
-->
САД: Ел Чапо не смее повторно да побегне
-->
САД соопштија дека јасно ставиле до знаење на Мексико дека наркобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гусман кој е приведен по повеќемесечна драматична потрага, не смее повторно да побегне додека трае процедурата за негова екстрадиција во Вашингтон.
Портпарол на Стејт департментот рече дека САД им пренеле на Мексико „загриженост поради опасност што претставува таа личност“.
– Сметам дека разбрале оти светот следи како се одвива тој случај и оти тој човек мора да остане зад решетки, изјави Џон Кирби.
Мексико претходно најави дека можеби ќе биде потребно повеќе од една година за да се разгледа американското барање за екстрадиција на Гусман во САД каде би бил изведен пред суд. Досега тој бегаше двапати од максимално обезбедени затвори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација