САД: Федералната Влада засега нема да преземе контрола врз Националната гарда

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да ја искористи можноста да преземе контрола врз Националната гарда во овој момент. Тоа ги изјави денеска советникот за национална безбедност на Трамп, Роберт О’Брајан, додека се шират немирите низ САД поради смртта на невооружениот црнец за време на насилно апсење.
– Ние нема да ја федерализираме гардата во овој момент. Но, доколку е потребно, имаме дополнителни воени сили што можат да бидат распоредени. Ако на гувернерите и градоначалниците им се потребни тие сили и ако не можат да ја контролираат ситуацијата, изјави О’Брајан пред новинарите во Белата куќа.
Тој додаде дека одлуките за воведување ред треба да ги носат гувернерите и градоначалниците.
– Ќе сториме се што треба да имаат гувернери или градоначалниците за да одржат контрола над нивните градови, истакна О’Брајан.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
