САД ги повика ОН да ја заштитат ЛГБТ заедницата

САД ги повика денеска ОН заеднички да ги заштитат лезбијската, геј, бисексуалната и трансродната популација (ЛГБТ), а не само да изразуваат огорченост по повод масакрот кој вчера беше направен во геј клубот во Орландо, каде беа убиени 49 лица.
- Ако сме соединети во огорченоста поради тоа што толку луѓе се убиени, а сме, ајде да бидеме еднакво соединети и кога станува збор за основната претпоставка за одржување на универзалноста на достоинството на сите луѓе, без оглед на тоа кого сакаат, а не само кога станува збор за осуда на терористите кои ги убиваат, истакна заменикот на американскиот амбасадот во ОН Дејвид Пресман.
Тој истакна дека има само една резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации која се однесува на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.
Ново на Сител
-

Пет пријави, а три лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие
-

Јаневска најави лиценцирање на училишните психолози, Ѓорѓиевски ќе разговара со директорите за забрана на мобилни телефони на настава
-

Малолетник нападнат во трговски центар во Скопје од газда на угостителски објект
-

Полицијата пронајде и одзеде 10 килограми риба од жител на Криволак
-

Над 1,2 милиони патници на Скопскиот и на Охридскиот аеродром во првите четири месеци, рекорден раст од 32,4%
-

Дизелот поевтинува за четири денари
-

Обвинителството бара преиспитување на ослободителната пресуда за таткото на Вања пред Апелација
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии
