-->
-->
САД го издадоа првиот пасош со ознака за пол X
-->
Во САД е издаден првиот американски пасош „Х“ (икс) кој нема да го идентификува сопственикот како маж или жена, а се планира оваа опција за неутрален пол да им се овозможи на сите апликанти за патната исправа од следната година, соопшти Стејт департментот.
– Со нетрпение очекуваме да им ја понудиме оваа опција на сите апликанти за пасоши откако ќе ги завршиме потребните ажурирања на системот и формуларите на почетокот на 2022 година, наведе во соопштение портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
Покрај пасошите, ознаката X ќе биде достапна во сите конзуларни извештаи за раѓање во странство (CRBA) – потег што веројатно ќе им овозможи на родителите да изберат родово неутрална ознака за новороденчињата, додаде официјалниот претставник.
Според Прајс, промената на политиката има за цел „подобро да им служи на сите граѓани на САД, без оглед на нивниот родов идентитет“.
„По повод издавањето на овој пасош, би сакал да ја повторам посветеноста на Стејт департментот за промовирање на слободата, достоинството и еднаквоста на сите луѓе – вклучително и ЛГБТ луѓето.
Според соопштението, ознаката ќе се применува за небинарни, интерсексуални и полово неидентификувани лица кои аплицираат за американски пасош или CRBA.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
