Свет
9. September 2017 - 15:57

САД и Јапонија спроведоа воено воздухопловна вежба над Источнокинеското Море

Два авиони ловци Ф-15 од јапонските сили за самоодбрана и два стратешки бомбардери Б-1 од воено воздухопловните сили на САД, стационирани на островот Гаум, одржаа денеска заедничка воена вежба во региоинот на Источнокинеското Море, соопшти командата на јапонските воени сили.

Вежбите имаат цел да ја зајакне стратешката соработка меѓу војниците од двете земји во врска со заострувањето на ситуацијата на Корејскиот Полуостров поради континуираните ракетни и нуклеарни проби во Северна Кореја.

Последен пат обука за летање се одржа кон крајот на јули, веднаш откако Пјонгјанг успешно истрела балистичка ракета, која падна во Јапонското Море, во екслузивната економска зона на Токио.