САД и Канада имаат „жешка линија“ за изгорени мисирки
Американците јадат 46 милиони мисирки само за Денот на благодарноста, а во сезоната на празници некои „готварски грешки“ се неизбежни.
Професионално обучени „стручњаци за мисирки” на американскиот месопроизводител „Батербол“, за таа цел, два месеца се на телефонска услуга на оние помалку вештите готвачи. Услугата постои 35 години и годишно прима десетици илјади повици.
Најчесто, повиците за помош се однесуваат на изгорена, или пак, за мисирка ненавреме извадена од замрзнувач.
Во пресрет на Денот на благодарноста, полицискиот оддел во Канзас на Твитер објави потсетник кога е време да се извади месото на одмрзнување.
Печена мисирка е омилен избор на 88 отсто од американските домаќинства кои го слават денешниот празник. Речиси една петтина од годишното производство на мисирки во САД завршува на масите токму на Денот на благодарноста.
Инаку, „жешката линија” за мисирките цел ноември и декември е достапна за Американците и Канаѓаните.
Ново на Сител
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?
-
Меѓународна потерница за Ковачевски, во земјава го чека 8 дневен притвор
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Лекарите предупредуваат: Внимателно со алкохолот
-
Сиљановска: Имаме право да веруваме во македонскиот сон
-
Мицкоски: Ја стабилизравме економијата – 2025 ќе биде уште подобра
-
Гаши: Да се обединиме околу европските вредности
-
Преглед на вестите од светот