Свет
19. January 2017 - 18:48

САД извршиле воздушни напади врз два кампа на ИД во Либија

Американскиот стратешки бомбардери Б-2 извршија воздушни напад врз два кампа на групацијата Исламска држава во Либија, изјави портпаролот на Пентагон Питер Кук.

Нападите се извршени на 45 километри  југозападно од градот Сирт во соработка со Владата на национално единство, која е поддржана од Обединетите нации. 

Министерството за одбрана на САД смета дека во нападите не биле убиени цивили, а загинале десетици борци на ИД. 

Ново на Сител