-->
-->
САД ја предупредија Северна Кореја да се воздржи од провокации
-->

Американското Министерство за одбрана го повика Пјонгјанг да се воздржи од провокативни дејствија што можат да доведат до нараснување на тензии на Корејскиот Полуостров, пренесоа британските медиуми.
Медиумите претходно јавија дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун наредил неговата земја „во секое време“ да биде подготвена да го употреби нуклеарното оружје.
Портпаролот на Пентагон, Бил Урбан, информира дека раководството на американските вооружени сили знае за изјавата на Ким Џонг-ун.
- Внимателно ја следиме ситуацијата на Корејскиот Полуостров, заедно со нашите регионални сојузници, додаде тој.
Урбан ја повика Северна Кореја место провокативни дејствија „да се фокусира врз исполнување на своите меѓународни обврски и ангажмани“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
