САД ќе ѝ испрати муниција со осиромашен ураниум на Украина
Украина ќе добие муниција со осиромашен ураниум за американсккте тенкови Абрамс, најавија САД. Руската амбасада во САД ја осуди одлуката на Вашингтон.
– Одлуката на американската администрација да испрати муниција со осиромашен ураниум во Киев е јасен знак на нечовечност, соопшти Амбасадата на Русија и предупреди на ризиците поврзани со „подвижните радиоактивни облаци“ предизвикани од ова оружје.
САД најавија помош од милијарда долари за Украина, што треба да даде „нов поттик“ за контраофанзивата на Киев.
Воениот дел од оваа помош во износ од 175 милиони долари предвидува испорака на муниција со осиромашен ураниум.
Употребата на муниција со осиромашен ураниум е контроверзна поради токсичните ризици за војската и населението.
Во соопштението од Руската амбасада се истакнува дека Вашингтон „одбива да го прифати неуспехот на така наречената контраофанзива на украинските вооружени сили“.
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
