САД: Најмалку 11 жртви во бури на југот и средниот запад
Најмалку 11 лица, меѓу кои и двајца работници во службите за итни случаи, загинаа во силното невреме што ги погоди јужните делови на САД и области на Средниот Запад.
Смртни случаи поради невремето се пријавени во Тексас, каде што беа замрзнати патишта, Алабама – погодена од смртоносно торнадо и Луизијана, каде силниот ветер разнесе куќа.
Стотици илјади луѓе се без струја од Тексас до Охајо, а автопати се затворени во Оклахома и Арканзас поради поплави. Стотина летови се откажани од меѓународниот аеродром во Чикаго.
Гувернерот на Арканзас Ејса Хачинсон прогласи вонредна состојба за да им помогне на екипите што работат за повторно воспоставување на доставата на електрична енергија низ целата држава.
Торнадото во Луизијана удри со ветрови од 217 километри на час.
Ново на Сител
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава