САД: Напаѓачот на божиќната поворка сослушан на суд, бројот на жртви се зголеми на шест
Мажот обвинет за повеќекратно убиства откако удри во божиќна поворка во градот Вокеша во Висконсин, вчера беше сослушан во судот кој му одреди кауција од повеќе милиони долари, додека бројот на загинати се искачи на шест.
Осомничениот вчера беше обвинет по пет точки за убиство со намера од прв степен, пред да биде објавена смртта на осумгодишното момче, по што се очекува обвинението да биде проширено.
Дарел Брукс има криминално минато во три сојузни држави, а според судските документи, тој е обвинет во 2020 година за доведување на друго лице во опасност и на 5 ноември за семејно насилство.
Осомничениот живее во Милвоки и е уапсен во близина на местото на настанот каде што уби шест и повреди повеќе од 60 луѓе, меѓу кои и 18 деца.
Претходно во ноември тој бил ослободен со кауција од 1.000 долари, откако бил обвинет за семејно насилство, а бил пријавен за семејна расправија пред нападот на поворката. Полицијата не го поврзува нападот со тероризам.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
