САД: Не сме добиле официјално барање за екстрадиција на Болсонаро

Џејк Саливан, кој е дел од делегацијата на американскиот претседател Џо Бајден на самитот на северноамериканските лидери во Мексико Сити, главниот град на Мексико, одговараше на прашања на новинарите.
Саливан ја повтори американската поддршка за новиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, и покрај насилните акции на стотици екстремно десничарски поддржувачи на поранешниот претседател Жаир Болсонаро во Бразил.
На прашањето дали Болсонаро, за кој се вели дека е на Флорида во САД, ќе биде екстрадиран во неговата земја, Саливан рече дека не може да зборува со сигурност за тоа каде се наоѓа бидејќи немале директен контакт со Болсонаро.
Саливан рече дека се уште не добиле никакво барање од бразилската влада во врска со екстрадицијата на Болсонаро.
Во врска со визниот статус на Болсонаро, Саливан рече дека би било соодветно Стејт департментот да даде изјава, а не тој.
Ново на Сител
-

13-годишното дете избодено со нож и претепано со палки – лекарите се борат за неговиот живот
-

Јаневска до учениците: Учете вредно за да знаете, бидете пријатели со другите деца
-

Герасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во Центар
-

Јамал стана најмладиот фудбалер кој достигна 50 гола во врвна европска лига
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
