САД одбележуваат 80 години од нападот на Перл Харбор

На денешен ден во 1941 година Јапонија без објава на војна ја нападна американската поморска база во Перл Харбор на Хаваите, а неколку часа подоцна американскиот претседател Френклин Рузвелт објави дека земјата влегла во Втората светска војна.
Во нападот и беа нанесени огромни загуби на американската морнарица и Јапонија стекна голема предност во првата фаза од војната на Пацификот. Потопени биле речиси сите воени бродови на САД во тој дел на светот, освен носачите на авиони кои тој ден биле на отворено море. На земја биле уништени 178 авиони, загинале 3.303 војници, од кои 2.390 Американци, а 1.272 биле повредени.
Во Перл Харбор синоќа беше одржана свечена комеморација во сеќавање на 58 војници кои загинале на воениот брод Ју-Ес-Ес Јута, бродот кој прв бил погоден во нападот.
За денеска се предвидени уште неколку настани со кои ќе се одбележи 80-годишнината од нападот врз Перл Харбор.
Јапонија на 2 септември 1945 година потпиша капитулација, откако САД фрлија атомска бомба врз Хирошима и Нагасаки во август, при што загинаа стотици илјади цивили. Со капитулацијата на Јапонија заврши Втората светска војна.
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
