-->
-->
САД одобрија тест за коронавирус кој чини пет долари
-->

Американската управа за храна и лекови издаде одобрение за употреба на тест за коронавирус, направен од компанијата „Абот лабораторија“ (Abbott Laboratories), кој може да помогне за поголем број тестирања.
Од компанијата соопштија дека планираат да испорачаат десетици милиони тестови во септември и дека ќе можат да го зголемат производството до 50 милиони тестови во октомври, по цена од 5 долари.
Тестот е со големина на кредитна картичка, а резултатите ќе бидат готови за 15 минути. Примерокот се зема со назален брис.
Како што пренесуваат странските агенции, овие тестови не се толку прецизни како оние што моментно се користат, но ќе овозможат побрзо и почесто тестирање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
