Свет
21. November 2017 - 20:34

САД повикаа на слободни и чесни избори во Зимбабве

САД денеска повикаа на слободни и фер избори и за безусловно почитување на владеењето на правото во Зимбабве.

„Денеска е историски момент за Зимбабве", се вели во соопштението на Американската амбасада во Хараре, а по повод оставката на Роберт Мугабе.

„Без оглед на краткорочните мерки што владата може да ги преземе, патот напред мора да води кон слободни, фер и општи избори“, се наведува во соопштението од Амбасадата.

Мугабе (93) беше на власт од прогласувањето на независноста на Зимбабве во 1980 година.