Свет
4. August 2017 - 22:05

САД сакаат СБ на ОН да изгласа поостри санкции спрема Северна Кореја

САД сакаат Советот за безбедност на ОН утре да изгласа поостри санкции спрема Северна Кореја поради два теста на интерконтинентални балистички ракети кои таа држава ги изврши во јули, јавија западни медиуми повикувајќи се на неименувани дипломати.

Наведено е дека САД подготвуваат нацрт резолуција која се очекува да биде доставена на 15 држави членки на СБ на ОН.

Според дипломатите, најверојатно постои договор со Кина за наметнување нови санкции. Во изминатите 30-на дена САД и Кина преговарале за нацрт резолуција.