САД се подготвуваат за очекуваните силни бури
Американската национална метеоролошка служба издаде предупредување за зголемена опасност од бури во регионот на Среден Атлантик, пренесоа американските медиуми.
Во регионот на планините Блу Риџ е издадено предупредување за силни бури, со опасност од грмотевици. Метеоролошката служба на Твитер соопшти дека има податоци за паднати дрвја и прекинати кабели на далноводи во регионот на Мериленд.
Метеорологот Крис Стронг од Вирџинија изјави дека главната опасност за градовите Балтимор и Вашингтон доаѓа од силните удари на ветрот. Тие, меѓутоа, се изложени на помала опасност од торнада.
Опасност од поплави има во градот Делавер. Според метеорологот Ланс Франк, од Њу Џерси, силните ветрови и поројните дождови може да доведат до поплави во градските реони и зони, каде водата не може да се повлече.
За голем дел од западното крајбрежје на Флорида е издадено предупредување за опасност од тропска бура. Се очекува тропската депресија, што доаѓа од Мексиканскиот Залив, со себе да донесе силни ветрови и поројни дождови, кои може да предизвикаат поплави и да го отежнат движењето по патиштата.
Националниот центар за урагани во Мајами предупредува дека се очекува тропската депресија во Заливот до вечер да се претвори во тропска бура, која ќе го добие името Колин. Депресијата се движи на североисток со бризина од околу 13 километри на час и се очекува нејзиното движење да се забрза.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден