САД со предупредување до Кина да не ја зазема страната на Русија во однос на Украина
САД вчера ја повикаа Кина да престане да ја поддржува руската инвазија на Украина за да не се стави на „лошата страна на историјата“. Пораката од САД дојде по телефонскиот разговор меѓу кинескиот и рускиот претседател Си Џинпинг и Владимир Путин.
Портпаролот посочи дека поминале повеќе од три месеци од руската „брутална инвазија“ на Украина, а Кина се уште е со Русија, продолжува да шири руска пропаганда низ светот, продолжува да ја штити Русија во меѓународните организации, со што не ги исполнува своите обврски како постојан член на Советот за безбедност на ОН.
– Таа продолжува да го негира постоењето на злосторства извршени од Русија во Украина, напротив, сугерирајќи дека тоа е инсценирано, рече портпаролот.
– Земјите кои ја избираат страната на Владимир Путин неизбежно се ставаат на лошата страна на историјата. Дојде време светските лидери јасно да ја осудат флагрантната агресија на претседателот Путин и да ги поддржат Украинците, додаде портпаролот на Стејт департментот.
Тој повторно ја предупреди Кина да не ѝ дава каква било „воена помош“ на Русија или против каква било „систематска поддршка за да се избегнат санкциите“ кои и се наметнати од западните земји.
Ново на Сител
-

Ученик физички нападнат од наставник во основно училиште во Шуто Оризари
-

ОКТА воведува попуст од два денара по литар дизел гориво
-

Мицкоски: Има политичари во Македонија кои живеат во минатиот век во време кога зборуваме за вештачка интелегенција
-

Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош
-

Скопје под надзор: Ќе се постават над 200 низ градот за борба против дивите депонии и вандализмот
-

Кривична пријава за Јани Макрадули, поранешен директор на „Пошта“, поради злоупотреба на позицијата
-

Синдикалната минимална кошница за октомври надмина 70.000 денари
-

Мицкоски: Високо образование на мајчин јазик е неспорно, македонскиот е официјален јазик во правосудниот систем
