Свет
13. December 2017 - 8:45

САД уништија 25 лаборатории за хероин во Авганистан

Соединетите Американски Држави, кои во ноември започнаа акција за уништување лаборатории за хероин во Авганистан, користат едни од најскапите авиони Еф-22 Раптор.

- Од почетокот на воздушните удари на американската армија се уништени 25 лаборатории за производство на наркотици, кои се основен извор за приход на Талибанците, изјави генерал Ланс Банч во телефонски разговор со новинари во Пентагон.

Производството на опиум годинава во Авганистан е двојно зголемено. Според податоци на Обединетите нации, достигна до 9.000 тони, што ја прави земјата најголем производител на тој наркотик во светот.