САД воведоа нови санкции против поединци и организации кои ја олеснија руската инвазија на Украина

Соединетите Американски Држави денеска воведоа нови санкции против поединци и организации кои ја олеснија руската инвазија на Украина, соопшти американското Министерство за финансии.
„Новите санкции се насочени кон 22 лица и две организации кои помогнале да се унапредат целите на Москва во Украина и пред и по почетокот на руската инвазија на 24 февруари“, се вели во соопштението на Министерството. Новите санкции се воведени во координација со Министерството за трговија, кое наметнува нови мерки за контрола на извозот против Русија, и Стејт департментот, кој се бори против руската одбранбена индустрија и високотехнолошките индустрии, се вели во соопштението.
„Додека Украина продолжува да се бори за својата слобода, денес преземаме чекори за дополнително да ја намалиме способноста на Русија да ја вооружува својата војска, да бара одговорност од сторителите на насилството и дополнително да го изолираме (рускиот претседател Владимир) Путин финансиски“, рече американската министерка за финансии Џенет Јелен.
Ново на Сител
-

Ерусалимското платно - порта до светата земја и Христијанството
-

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
