САД завршија нов бран напади врз Иран, продолжува ескалацијата на конфликтот

Американската армија рано изутринава соопшти дека завршила нов, петчасовен бран напади врз Иран, во третата последователна ноќ на воени операции.
Американската Централна команда (CENTCOM) посочи дека во текот на петчасовната мисија биле погодени воени цели низ Иран, меѓу кои во Бушер, Чабахар, Џаск, Конерак, Абу Муса и Бандар Абас.
Според соопштението, новите американски напади започнале рано утринава по европско време, што претставува нова ескалација на тензиите меѓу двете страни, иако американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека договор со Техеран се уште е „можен“.
CENTCOM претходно објави дека американската војска ја започнала „третата последователна ноќ напади врз Иран“, откако Трамп претходно најави дека САД „вечерва силно ќе го погодат“ Иран.
Во радио-интервју Трамп изјави дека иранското раководство „не може да направи апсолутно ништо“ против американските напади.
„Тие немаат ништо на своја страна освен големи зборови“, рече американскиот претседател.
Белата куќа потврди дека Трамп минатата недела официјално го известил Конгресот за обновувањето на воените операции против Иран.
Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати соопштија дека два нивни танкери во Ормуската Тесннина биле погодени во ирански ракетни напади, при што загинал еден член на екипажот.
Трамп претходно на социјалната мрежа „Truth Social“ најави дека САД ќе ја преземат контролата врз тој стратешки поморски премин и повторно ќе воспостават блокада на иранските пристаништа.
Американската војска најави дека блокадата ќе стапи во вторник вечерта во 22 часот по средноевропско време.
Трамп исто така најави дека, како одговор на намерата на Техеран да воведе надомест за премин низ Теснината, САД ќе наплатуваат такса во висина од „20 проценти од вредноста на товарот“.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, преку платформата „Икс“ одговори дека Иран „секогаш бил чувар на теснината и така ќе остане засекогаш“.
За изјавата на Трамп тој напиша дека е целосно во право, дека оној што обезбедува безбеден и непречен премин на трговските бродови низ Ормуската Теснина треба да биде платен.
„Дваесет проценти се премногу. Ние ќе бидеме правични“, соопшти Аракчи.
МИА
Ново на Сител
-

Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
-

Јаневска за случајот со Василевски: МОН нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет
-

Како општество, треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост, вели Јаневска
-

Тошковски: Злоупотребите на боледувањата треба да се стават под контрола, но со почитување на законите и човековите права
-

Утре во Скопје терестрична дезинсекција против ларви од комарци
-

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар
-

Тошковски: Запленети 680 килограми стебла канабис, одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата
-

680 килограми стебла канабис одземени од нелегална плантажа во струмичко
